This flyer will be included in each disc box from LPR, showing the pads which can be combined with the discs of the same brand and its characteristics and main features
ETS Automobile Parts
Погледнете ја видео презентацијата за ETS премиум брендот, застапен од ЛПР-МАК
LPR производите со 1 година гаранција
Италијанскиот магазин Quattroruote со високи оцени за Lpr
Quattroruote, најпознатиот италијански магазин за автомобили, изврши некои компаративни тестови за да ги оцени OE сопирачките со неколку афтермаркет брендови меѓу кои и LPR. Неверојатни резултати за нас! LPR кочниците во RAL опаковка (Ricambi Arici Luciano) добиле резултати при 130 km / h дури и подобари од OE сопирачките и сето ова без проблеми со бучава, вибрации или оштетувања на дисковите на сопирачките.
По тестовите мерени се плочките за сопирачките. LPR сопирачките изгубиле помалку материјал за триење, речиси 50% помалку во споредба со сите останати, покажувајќи и подолг живот од нивните конкуренти.
10 години постоење Лпр-Мак
10 години постоење на македонскиот пазар,10 години доверба,10 години овековечени на заедничката прослава на овој јубилеј заедно со сопствениците: фамилија Стефановски и претставникот на Лпр од Италија г-дин Алберто Аричи,син на г-динот Лучиано Аричи,основачот на веке добро познатиот бренд ЛПР на нашиот пазар. Краток осврт за постоењето,работата и перспективите на Лпр-Мак даде нашиот добро познат автомобилист и двократен европски шампион Игор Иџе Стефановски кој нескромно ги потенцираше фактите за настанокот,постоењето и развивањето на Лпр Мак во Македонија во една од водечките компании кога станува збор за секторот на кочионите системи. Во присуство на голем број клиенти и деловни соработници во скај барот на хотелот Русија, следуваше коктел забава во која дополнително со добар ритам ги “размрда” присутните добро познатиот музичар Мето диФлеш.