LPR Italy

Share Button

ЗА LPR

LPR e cветски лидер во производство на кочни системи и хидраулика, се одликува со посебен квалитет на своите производи што подразбира 100% контрола на квалитет на суровините, компонентите и на крајот на готовиот производ.
LPR поседува голем број сертификати кои докажуваат почитување на нормите на квалитет и е единствен Европски производител на гуртни и плочки за кочници на кој Германскиот TUV му ја додели значајната ECE R 90 хомологација (висока технологија во процесот на производство, ригорозни тестови на квалитетот, контонуиран развој и истражување во доменот на унапредување на квалитетот на производот).

Истражувањата се фундаментален аспект на растот и интернационалниот успех на LPR. Посветеноста на истражување не значи само производство на поквалитетни производи, туку и нови технолошки решенија, напредок во секоја производна фаза и контрола врз целосното производство пред продажбата, LPR создаде сопствени, високоспецијализирани лабаратории, за ригорозна контрола на квалитетот. Овие инвестиции обезбедија тотална контрола на целокупниот производен процес.

LPR се стреми кон постојано усовршување на секоја производна фаза, се до пакувањето. Квалитетот на производите на LPR е препознатлив насекаде низ светот. Сите фабрики на LPR го почитуваат начелото за заштита на човековата средина.

LPR продава околу 38000000 парчиња од својата производна палета секоја година. Низ децениите се докажа како една од светските лидери според квалитетот и иновациите во областа на компонентите за системите на кочење и денес месечно произведува милион ипол кочни пумпи, скоро деветстотини иљади диск плочи, седумдесет иљади дискови, нешто повеќе црева за кочници, триесет иљади хомокинетички зглобови, дваесет и две иљади барабани…
Сега седиштето на компанијата е во Пјаченца, каде се наоѓаат високоспецијализираните лабаратории за спроведување на ригорозните контроли на квалитетот на производите, до кој е стигнато со долгогодишна посветеност на истражувањата како фундаментален аспект на растот и интернационалниот успех на LPR за што најдобро сведочат бројните сертификати, како од независни институции за контрола на квалитетот, така и од голем број реномирани производители на возила, меѓу кои и од Ferrari.