10 години постоење Лпр-Мак

Share Button

10godini10 години постоење на македонскиот пазар,10 години доверба,10 години овековечени на заедничката прослава на овој јубилеј заедно со сопствениците: фамилија Стефановски и претставникот на Лпр од Италија г-дин Алберто Аричи,син на г-динот Лучиано Аричи,основачот на веке добро познатиот бренд ЛПР на нашиот пазар. Краток осврт за постоењето,работата и перспективите на Лпр-Мак даде нашиот добро познат автомобилист и двократен европски шампион Игор Иџе Стефановски кој нескромно ги потенцираше фактите за настанокот,постоењето и развивањето на Лпр Мак во Македонија во една од водечките компании кога станува збор за секторот на кочионите системи. Во присуство на голем број клиенти и деловни соработници во скај барот на хотелот Русија, следуваше коктел забава во која дополнително со добар ритам ги “размрда” присутните добро познатиот музичар Мето диФлеш.