LPR МАК

Share Button
КОНЕЧНО И ВО МАКЕДОНИЈА

LPR е светски лидер во производство на кочни системи и хидраулика, се одликува со посебен квалитет на своите производи што подразбира 100% контрола на квалитет на суровините, компонентите се до крајот на готовиот производ.

LPR поседува голем број сертификати кои докажуваат почитување на нормите на квалитет и е единствен Европски производител на гуртни и плочки за кочници на кој Германскиот TUV му ја додели значајната ECE R 90 хомологација (висока технологија во процесот на производство, ригорозни тестови на квалитетот, контонуиран развој и истражување во доменот на унапредување на квалитетот на производот).

Повеќе за фирмата дознајте тука

LPR-MAK
Во 2005 година беше формирана мешовитата Македонско-Италијанска компанија LPR MAK, која со инвестиција на вкупна површина од 3200 метри квадратни, го изгради најголемиот центар за ваков вид производи на Балканот. Дистрибутивниот центар располага со магацин скроен според најсовремени стандарди, а во негов склоп ќе функционира и сервис во кој ќе се врши дијагностија на возилата ивградување на делови од LPR програмата во нив. Иако релативно млада, компанијата има развиено дистрибутивна мрежа низ Македонија, а тенденцијата е да стане регионален центар преку кој ќе се опслужуваат и пазарите од соседните земји